По 11. пат Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“

Во организација на Град Скопје и Музејот на град Скопје  денеска ќе почне со работа 11. Меѓународна ликовна колонија Скопје 2016.

На Ликовната колонија ќе учествуваат десет академски уметници, припадници на различни генерации и творечки определби кои живеат и создаваат во различни средини од Македонија, Франција, Србија и Бугарија.

Колонијата ќе трае до 1 септември, а ќе се одржува во Музејот на град Скопје и хотел Солун.