ПМГ Рекордингс фестивал на 8 октомври во МКЦ

ПМГ Рекордингс фестивал е годишна смотра на нашата далеку најпродуктивна дискографска куќа, ПМГ Рекордингс од Скопје.

„Градот ме тера да пеам“ е насловот на 12-то по ред издание на фестивалот на ПМГ Рекордингс, кој изобилува со квалитетна музичка понуда. Фестивалот ќе се одржи во сабота на 8ми октомври, во Младинскиот културен центар Скопје, на 2 музички подиума.

Фестивалските врати се отвораат околу 20 часот вечерта, а програмата ќе се одвива се до 03:00 часот.

ПМГ Рекордингс со повеќе од 200 изданија на современа Македонска музика е водечка сила на домашната сцена во последниве децении.