Плински боци – „меч со две острици“

Утрово се запали стан во Карпош, а според неофицијални податоци, главен виновник е плинска боца. 

Ваквите зачестени несреќи во најголем број случаи се резултат на несоодветно ракување со боците. 

Како една од главните причини, е дека граѓаните не внимаваат каде ги чуваат боците, а тоа да не бидат простории каде има топлина и извор на оган.

Следно на кое треба да се обрне внимание е како боцата се поврзува со домаќинските уреди. Надлежните советува дека при поврзувањето, многу е важно да се постави неповратен вентил. Во случај на пожар, вентилот го топи осигурачот и го блокира истекувањето на плин од боцата.