Состојки:
150 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
300 гр мелени плазма бисквити
120 мл млеко
3 ванилин шеќер
3 крем банани
2 банани
Прелив:
50 гр путер
100 гр млечно чоколадо
3 лажици млеко
Подготовка:
Маргаринот се мати со шеќер во прав.
Се додава плазма и млеко во кое претходно сте додале ванилин шеќер.
Се меша се додека добро не се соединат состојките, па се додаваат исецканите крем банани.
Развлечете ја смесата, на ивицата ставете банана и завиткајте ролат околу неа.
На крај додадете прелив.