Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ги достави реформските предлози до архивата на СДСМ

Претставници на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ денеска во партиската архива на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на „Бихаќка“ ги доставија предлозите за структурни промени во партијата.

Предлозите, како што информираат од Платформата преку објава на Фејсбук, ги доставиле Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски.

„Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере“, велат од Платформата.

Оттаму сметаат дека во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството.

„На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план“, се додава во објавата.