Платежни картички ќе добијат уште 7.000 граѓани

Домашна платежна картичка со државна помош ќе добијат уште 7.000 граѓани кои не се нашле на листата добитници, а ги исполниле условите. Најголемиот дел од приговорите или 4.052 се однесуваат за средношколци и студенти, 2.572 приговори се одобрени на вработени лица со ниски примања и 483 на невработени. Документите повторно ги проверувале министерствата за образование и труд, Фондот за здравство и Агенцијата за вработување.

ПРИФАТЕНИ ПРИГОВОРИ:

Средношколци и студенти     4.052
Вработени                                2.572
Невработени                             483

Но, надлежните институции треба до крајот на неделата да разгледаат уште 20 илјади приговори. Во најголем дел се поднесени од средношколци и студенти. Домашните платежни картички банките до граѓаните треба да ги доделат најдоцна до 18 овој месец. Паричните средства не можат да се подигнуваат како готовина, туку со нив само може да се купуваат домашни производи и услуги. Парите треба да се потрошат до 15 август годинава. Од утре до околу 117 илјади граѓани ќе можат да ги користат и ваучерите од 6.000 денари за одмор во некој од домашните туристички капацитети. Овој туристички ваучер ќе треба да се искористи до 15 декември годинава во некој од капацитетите објавени на веб-страницата „Дома си е Дома“.