Плашете се од денот кога човекот со добро срце ќе се откаже од вас

Знаете што е финтата со луѓето со добри срца?
Тие ве оправдуваат и кога не нудите оправдување.
Тие ви ги прифаќаат извинувата кои не сте ги понудиле.
Тие го гледаат најдоброто во вас, кога не ви треба тоа.
Кога ви е најлошо, тие ве креваат, дури и ако тоа значи дека ќе си запостават сопствените приоритетите.
Фразата „Во гужва сум“ не постои во нивниот речник.
Тие наоѓаат време, дури и кога вие не наоѓате време.

А вие се чудите што тие се најчувствителните луѓе.
Се чудите што тие се најгриживите луѓе.
Се чудите што тие се подготвени да се дадат себеси без никакви очекувања.

Тие не ве тераат да се мачите за нивното влијание.
Тие ја прифаќаат љубовта која тие мислат дека ја заслужиле, а вие ја прифаќате љубовта која вие мислите дека ви припаѓа.

Да ви кажам нешто. Плашете се од денот кога човекот со добро срце ќе се откаже од вас.

Нашето небо не станува сиво, онака, од никаде-некаде.
Има причина поради која нашата светлина не дозволува темнината да надвладее.
Срцето не станува студено освен ако со години не било така третирано.