
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од Скопје, информираат од ЕВН Македонија.
Во општина Илинден, од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Кадино Село“.
Во општините Чучер Сандево и Бутел, од 08:30 до 13:30 часот, прекин ќе има кај дел од потрошувачите на улиците „Призренска“ и „Кучевишка Бара“.
Во општина Карпош, од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Џумајска“.