Планирајте ги порциите и слабејте брзо и здраво!

Американските истражувачи тврдат дека однапред одредените порции даваат подобар ефект при слабеење од оние што ги одредуваме сами.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија востановија дека планираните оброци, кои подразбираат контролирани и однапред одредени порции за ручек и за вечера, можат да доведат до поголемо губење килограми од диета што некое лице ќе ја избере само. Испитаниците во истражувањето, кои двапати дневно јаделе однапред планирана порција оброци, загубиле околу 8% од почетната телесна тежина, за разлика од учесниците што можеле сами да ги избираат оброците и загубиле 6% од тежината. Покрај тоа, истражувачите во студијата востановиле и дека задоволството со храната било речиси еднакво кај двете групи. Намаленото консумирање калории е клучен фактор при слабеење, но за повеќето лица со вишок килограми е тешко применливо во практика.