Претставата „Планински џинови“ проект на пет малцински театри меѓу кои и Албанскиот театар во Скопје и театри од Италија, Романија, Хрватска и од Србија, во режија на маестро Паоло Маџели ќе биде изведена вечер на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Режисерот Маџели, кого го врзуваат, вели убави спомени од гостувањата и работата во Скопје, идејата да се зафати со ваков проект произлегла од неговата потреба по сите успешни проекти и претстави во театрите низ Европа и Америка и искуството на промотор во ЕТС-една од најголемите светски организации, која под своја закрила ќи обединува најрелевантните светски театри, да направи нешто за малцинствата, кои ги смета за нејнемоќни.

Според него, проблемот на малцинствата е што секое од нив си одредува еден геополитички простор и тенденцијата е да се работи во мало место и некогаш да се мисли на нешто големо. За свој предизвик тој го зема и најавува дека ќе работи на спојување на малцинските театри со надеж дека еден ден ќе се создаде една голема организација од вакви малцински театри.

– Во Европа има педесетина вакви театри и мој сон е да ги спојам и да ги научам како работеше ЕТС за да дојдат до средства за да почнат да функционираат заедно. Од друга страна кај мене постои едно природно политичко мислење дека малцинствата се единствена гаранција дека се уште постои зрак на демокрaтија, вели Маџели.

Дел од актерскиот тим во претставата се и актерите Џевдет Јашари и Фисник Зекири од Албанскиот театар во Скопје.

Премиерата на „Планински џинови“ се одигра во Ријека, Хрватска, и досега гостуваше во Трст, Италија, Темишвар во Романија и во Суботица Србија, а патешествието завршува со гостувањето во Скопје. Во изглед се гостувања на претставата на повеќе театарски фестивали.

„Пламнински џинови“ е последната пиеса на виртуозот на драмскиот збор ,Луиџи Пирандело. Делото кое останало недовршено, претставува мит за уметноста. Тоа е современа бајка која ги руши бариерите меѓу актерите и гледачите, реалното и нереалното. Приказната следи една трупа актери кои во своите лутања стигнуваат до недефинирано место и време, во простор кој се наоѓа на раскрницата меѓу реалноста и бајката и актерите таму наоѓаат вила која се нарекува „„Проколната“.

Претставата во Скопје ќе се игра и на 27 и 28 април.

Проектот е финансиран со фондовите на ЕУ, а во него покрај Албанскиот театар во Скопје, се вклучени и Италијансата драма при Хрватскиот народен театар во Ријека, Словенечкиот театар од Трст, Италија, Германскиот театар од Темишвар, Романија и театарот „Деже Костолањи“ од Суботица Србија.