Планинарски марш на Водно за Денот на Европа

Европското движење во Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод Денот на европското знаме, 9 Мај, го организира традиционалниот Марш на Водно денес, 8.5.2021 година (сабота), со почеток во 09:00 часот.

Стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа (Europe House) со краток церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење ќе им бидат доделени мали ЕУ и МК знамиња.

Важно е да се потенцира дека за време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со КОВИД 19. Знамињата ќе се носат до врвот на Водно.

На Средно Водно, пак, на учесниците ќе им се доделат вода и кроасани, но оваа година ќе биде изоставено традиционалното планинарско гравче.