Планинарска тура за искачување на врвот Црн Камен

На 26.02.2017 ДПС Трансверзалец- Скопје организира планинарска тура за искачување на врвот Црн Камен 1.585 мнв на Скопска Црна Гора.

Стартна позиција е во с.Побожје на последната автобуска станица на бр.61 во 7.30ч. Превозот е со сопствени возила или со автобус.

До с.Побожје се оди со автобус бр.61 кој поаѓа од Транспортен Центар во 6,45 ч. Истиот автобус бр.61 се враќа во 14,45 или 16,30 часот.Патеката се одвива по Спирова патека преку с.Бродец до Спирова колиба од каде се искачува врвот Црн Камен.

Должина на патеката е 18 км со вкупна денивелација од 1000 м.

Напомена: потребна е соодветна психовизичка подготвеност, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.5л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.

Секој учествува на сопствена одговорност.

Пријавување најдоцна до 24.02.2017