Питбул искаса жена на Бит Пазар

Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Центар 64-годишниот В.Г. пријавил дека на 02.05.2018 година околу 13:10 часот на Плоштад Македонија бил нападнат од куче-скитник при што бил каснат во пределот на десната подколеница. Укажана му била лекарска помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски".

Во Полициската станица Бит Пазар,исто така вчера во 22:40 часот, 22-годишната М.П. пријавила дека на улицата „Струмичка" била касната од куче од раста „пит бул“ за десната нога.