Пита со тиква на традиционален начин

Тиквата може да биде главна состојка за многу вкусни рецепти, а секако меѓу нив „води“ питата, која има прекрасен вкус. 

Ова е традиционален начин на подготовка:

500 гр брашно
Едно јајце
Малку сол
Масло за премачкување 

За фил:

500 гр рендана тиква
200 гр шеќер
Две лажички путер (или маст)
Малку цимет
Ванилин шеќер

Подготовка:

Замесете тесто со млака вода, поделете на три парчиња и оставете го да отстои. Премесете ги сите парчиња, па рассукајте ги во тенки кори. Можете да пробате и со методот на „тегнење“. 

Секоја кора премачкајте ја со маст или путер, ставете од филот и свиткајте во ролат. Повторете го тоа со сите кори. Ставете да се пече на 180 степени околу 30 минути. Можете да премачкате со маст откако ќе биде испечена и да ја покриете со неколку слоеви ткаенина, за да биде мека.