Пита со сливи од само неколку состојки

Додека на пазарите уште можат да се најдат сливите, можете да ги користите за да подготвите највкусни десерти. 

Оваа колач-пита може да се јаде и топла и ладна, вкусот е секако прекрасен. Повеќе потсетува на печен џем, кој може да се јаде со лажица. 

Состојки:

700 гр сливи
Шеќер по вкус
Четири лажици гриз
Четири лажици овесни снегулки
Цимет

Подготовка:

Сливите сечете ги на половинки и редете ги во тепсија за печење, во еден ред. Во зависност од големината на тепсијата, може да ви останат. Врз нив, ставете шеќер, а потоа распоредете го гризот и овесот. 

Печете на 200 степени околу 30 минути. Гризот и овесот ќе паднат долу и ќе го впијат сокот. 

Ќе добиете мек колач, кој можете да го послужите со сладолед.