Пита со сирење на поинаков начин

Се прави со готови кори а изгледа како да е сукана. Ќе ви се допадне...

Состојки:

500 гр кори за пита

300 гр сирење

2 јајца

Масло, сол

За премачкување

Пакетче квасец

Малку шеќер

Сол

3 јајца

4 шолји млеко

2 шолји масло

22 лажици меко брашно

Подготовка:

За премачкување на корите:

Во исситнет или сув квасец, сипете малку млака вода, шеќер и сол. Кога квасецот ќе надојде помешајте го со јајцата, брашното, млеко и масло.

Се добро промешајте со лажица а може и миксер. Тестото треба да биде со густина како за палачинки.

Фил од сирење

Изгмеченото сирење помешајте го со изматени јајца и по вкус посолете. Ставете кора и со четкичка нанесете од премазот. Преку неа ставете друга кора, премачкајте ја па ставете ја третата и неа премачкајте ја. На третата кора ставете од филот со сирење.

Рабовите на кората свиткајте ги за филот да не излегува, па се завиткајте во ролна. Ставете во подмачкан плех и печете 35-40 минути на температура од 220С додека питата не порумени.