Пита со сирење која нема да ви одземе долго време за подготовка

 Сите сакаме брзи и практични рецепти, но и вкусна печена пита со сирење. Најлесно можете да ја подготвите со готови кори од продавница, а сепак да го има истиот вкус како да е месена дома. 

Состојки: 

500 гр кори за пита
500 гр меко сирење
120 мл газирана вода
50 мл масло
Едно јајце

Подготовка:

Можете да ја подготвите на два начина. Измешајте ги водата, јајцето и маслото. Со смесата премачкајте три кори, наредете ги една врз друга, ставете сирење долж едниот крај и свиткајте ролат. Повторете додека да се потрошат корите. 

Можете да ја подготвите и со редење една врз друга. Три кори премачкани со смесата од јајце и газирана вода, сирење, па повторно три кори и редете додека да се потрошат. 

Печете околу 25 минути на 200 степени.