Пита со месо, со тесто од компири

Уште една варијанта на рецепт со компири и мелено месо, но овојпат во форма на пита. Тестото се прави од компирите, а филот од меленото месо. 

Состојки за тесто:

150 гр компири
150 гр брашно
80 гр путер
Сол

За фил:

500 гр мешано мелено месо
Два кромида
Пиперка
Црвен пипер
Сол
Бибер
Зачини
Масло

За прелив:

Три јајца
150 мл павлака за готвење
150 мл млеко
Малку сос од домати
Зачини

Подготовка:

Излупените и исечени компири ставете ги да се варат. За тоа време, подгответе го зеленчукот за во месото. Кога компирите се сварени, испасирајте ги и додадете путер, а на крај и брашно, за да добиете тесто. Распоредете ја смесата во калап за чизкејк. 

За филот, испржете го прво кромидот, па сецканите пиперки и потоа месото. Ставете во тестото. 

Од состојките за прелив направете го преливот и истурете врз филот. Печете околу еден час на 180 степени. Можете да ставите и рендан кашакавал на крај.