Пита со мелено месо и компири

Ваквата пита не одзема многу време за подготовка. Вкусот потсетува на бурек со месо или на тестенини болоњезе, но подготовката е многу поедноставна и пократка.

Состојки:

200 гр мелено месо
400 гр компири
Три јајца
Пола лажичка прашок за пециво
80 гр кисела павлака 
100 гр фета
50 гр брашно
40 гр гриз
50 мл масло

Подготовка:

Садот за печење премачкајте го со масло. Компирите исецкајте ги на коцки. Можете и да ги изрендате на крупно. Измешајте со меленото месо и останатите состојки и добро измешајте, па зачинете. 

Префрлете ја смесата во тавата, па печете 25 минути на 190 степени. Ставете сирење или кашкавал врз питата, па допечете ја уште 15 минути.