Пита со карамелизирани цреши

Искористете го периодот на вкусните цреши за со нив да подготвите овошна домашна пита.

Состојки:

200 гр брашно
70 гр путер
70 гр кисело млеко
Прстофат сода бикарбона
Прстофат сол

500 гр цреши
100 гр шеќер

Подготовка:

Подмачкајте тава со путер и ставете шеќер. Печете на 150 степени, за да се карамелизира. Исчистените цреши ставете ги врз карамелот и печете на тивко. 

Подгответе тесто од останатите состојки. Рассукајте го добро и ставете врз печените цреши. Печете уште 15 минути на 180 степени. Додека е топла питата, превртете ја на чинија за сервирање, за црешите да бидат од горната страна. 

Послужете ја целосно изладена.