Пита од компири која лесно ќе ви стане омилена

Ако го сакате компирот, но барате и други начини како да го подготвите, ова е вистинскиот предлог за вас. 

Интересно е што оваа таканаречена пита може да биде и самостоен оброк, но и да послужи како прилог со други специјалитети. 

Состојки:

500 гр компири
Сол, бибер
3 јајца
3 лажици брашно
Прашок за пециво
3 лажици масло
Еден црвен кромид

Подготовка:

Изрендајте ги компирот и кромидот. Зачинете, додадете брашно, прашок за пециво и измешајте. Додадете ги изматените јајца, маслото и префрлете ја смесата во подмачкан сад за печење. 

Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути. Се јаде и топло и ладно.  

Running sports | 【6月上旬発売予定】 ナイキ エアフットスケープ モーション 全4色 - スニーカーウォーズ