Писмото на Сергеј ги обедини вардарци, ќе остане ли Самсоненко на чело на Вардар?

Кога непосредно пред натпреварот со ПИК Сегед од четвртфиналето, Сергеј Самсоненко со долго писмо на клупската веб страница ја извести јавноста дека заминува од Вардар и дека проектот завршува, многумина го искритикуваа дека го погрешил моментот на објава.

Сепак, Русинот толку силно ја мотивира и сплоти екипата, што Вардар најдобрите изданија ги сочува за веднаш по таа негова објава. Го декласира ПИК Сегед, а во Келн одигра две незаборавни партии во два дена и стана европсски првак по вторпат во својата историја.

Сега јавноста се прашува – ќе се предомисли ли Сергеј или навистина ќе си замине од РК Вардар? Се појавија надежи по интервенцијата на Михајло Михајловски и обидот да се задржи ростерот за следната сезона, па сега сите очи се вперени во Самсоненко.

Со Русинот на чело, Вардар воспостави хегемонија во СЕХА лигата, а сега го оствари она што му успеало само на Кил откако се игра овој формат на Лигата на шампионите – да стане европски првак двапати во три години!

Gol.mk