Писмото на еден татко до својот едногодишен син што го разнежи целиот свет

Пред некое време беше објавено писмото на едно татко кое го напишал по повод првиот роденден на неговиот син, писмо кое тој се надева дека ќе го прочита кога ќе биде доволно возрасен. Ова писмо беше објавенот на интернет и на социјалните мрежи и го разнежни целиот свет! Прекрасни зборови...

„Слушај, мали, се надевам дека си доволно стар за кога ќе го прочиташ ова да сфатиш некои работи. Ако мислиш дека те посрамотувам со оваа објава, прашај ја сестра ти и ќе видиш дека можам да бидам и полош.

Се надевам дека сум колку-толку добар татко, дека те научив да бидеш добар и чесен. Дека не си наивен и дека со своите сопствени раце се бориш и докажуваш. Сакам да ти кажам дека свртот е суров, дека луѓето се понекогаш полоши и од ѕверови. Внимавај каде и да одиш. 

Кога се смееш, смеј се на цел глас, кога ти е тешко јави ми се, заедно ќе ги пребродиме сите проблеми.

Но, внимавај, ако мислиш дека тато ќе ти помага за сите работи, тука се лажеш, мораш нешто и сам да направиш. Можеби звучам сурово, но досега сигурно сум ти се здосадил со приказните дека успехот е посладок кога самиот ќе го постигнеш. Во никој случај не се потпирај на слатките зборови на пријателите, роднините, колегите, затоа што понекогаш тие зборови така слатко звучат, а зад нив се крие нешто друго. Чувај ја сестра ти и биди ѝ цврста рака кога јас нема да бидам во близина. 

Слушај ја мајка ти, таа ти го дала животот. Биди подготвен на сè. Никогаш нема да ја заборавам среќата на лицето на сестра ти кога ѝ реков дека се роди. Немој да дозволиш поради тебе да биде несреќни. Ти си ѝ најубавиот дел од животот. И тоа што ѝ ја растураш собата, веројатно веќе те имам казнето, па немој веќе да го правиш тоа. 

Би сакал само да ти кажам дека те сакам и дека тоа чувство има моќ да сруши сè пред себе. Особено кога доаѓа од родителите. Како само знаеш да ме насмееш, налутиш, да ме смириш. Можам до утре да ти пишувам, но веројатно досега неколкупати ти го имам „испрано“ мозокот.

Чувај се, биди паметен, биди подобар од мене, биди посилен, биди сè што сакаш да бидеш. Секогаш ќе го имаш мојот грб и рамена. 

Биди мој пријател, биди ми жив и здрав.

Среќен роденден, сине. 

Те сака,

Тато!