Писмо за сите девојки во раните дваесетти години...

Седнуваш во кафуле, келнерката ти донела кафе со топло млеко, а рекла си дека сакаш кафе со ладно млеко. А можеби обратна била ситуацијата. Повеќе ни сама не знаеш, затоа што имаш уште неколку испити, немаш среќа во љубовта, а ни во картите, плус те зафркаваат на работа.

Се концентрираш да завршиш неколку задачи или да учиш за испит, на крај го земаш мобилниот во рака и отвораш Инстаграм. По три часа, најрадо би плачела затоа што не си направила ништо, но не можеш ни тоа, затоа што си дехидрирана, па немаш ни солзи.

Кога беше мала, мислеше дека до 25 години ќе заработуваш добро, ќе се омажиш или ќе патуваш низ светов. Сега имаш 25 години, не заработуваш добро, а ниту можеш, ниту пак сакаш да се мажиш во моментов. Луѓето велат дека когаш имаш време, немаш пари за патување, а кога имаш пари, немаш време. Ти немаш ни пари, ни време.

Каде и кога отиде сѐ по ѓаволите? Би ги проколнала планетите, ама во суштина не се разбираш во хороскоп и не знаеш како. Би сакала да го обвиниш ПМС-от, но не е ни до тоа.

Се жалиш на другарката и се надеваш ќе те утеши, таа ти вели: Не е сѐ толку сиво, кај тебе е црно. Вика дека се шегува, а ти кисело се смееш, затоа што не ѝ веруваш. Хе. Хе.

Сакам да ти кажам дека сѐ ќе биде подобро, ама нема да биде.

Ќе завршиш факултет и твојот живот ќе се претвори во пекол. Ќе се заљубиш во згоден дечко, ќе се омажиш и ќе добиеш дете. И ќе мораш да чистиш, переш и готвиш. И ќе треба да се грижиш за тројца луѓе, вклучувајќи се и себе. Ќе живеете од плата до плата.

Звучи грозно, зарем не?

Се надевам дека ќе те утеши фактот дека само се зафркавам. Ти самата си одговорна за својот живот и сама си го создаваш животот, а ти млада дамо имаш цел живот пред себе.

Ако сакаш да бидеш успешна, БИДИ!

Не знаеш како? Опкружи се со амбициозни и паметни луѓе и научи како! Инспирирај се од сѐ околу тебе. Најди си ја мотивацијата која ќе те турка низ животот, нешто што ќе ти даде причина да се бориш и да не се откажуваш. Одвој време за себе и размисли за тоа.

Без лажно преправање, сакам да знаеш дека сѐ додека веруваш во себе, можеш да добиеш сѐ што ќе посакаш! Повеќето успешни луѓе барем еднаш во животот биле депресивни, немале пари, биле осамени и сосема изгубени.

Мојот живот сѐ уште не е онаков каков што го замислувам, но е сосема различен во однос на минатата година. Моите соништа и желби за себеси ме тераат постојано да работам на себеси и да учам.

Сакам да ви кажам дека повеќето ситуации кои ни изгледаат тешки, всушност се лесно совладливи. И навистина можеш сѐ – само биди упорна!