Писмо за благодарност до сите кои ме напуштија во животот...

Низ текот на нашиот живот сфаќаме дека луѓето постојано излегуваат и влегуваат од нашиот живот. На почеток мислиме дека дошол крајот на светот, но како што минуваат годините сфаќаме дека Бог ни ги пратил со причина, а имало и причина поради која заминале. Можеби на почеток не ги разбираме причините, но верувајте ми, ако си заминат, тоа е нивна загуба, а нашиот живот е подобар без нив.

Па затоа, ова е писмо за благодарност до сите луѓе кои си заминале од мојот живот. Си знаете кои сте. Знаете како се чувствував кога ве снема и ме оставивте да се чудам кој е проблемот и што направив кога мислев дека се е океј. Но, сега веќе не ми е грижа, бидејќи сум посреќна без вас.

Ви благодарам што ми покажавте кои се моите вистински пријатели

Кога си заминавте, моите вистински пријатели и луѓето кои навистина се грижат за мене ми покажаа дека животот продолжува понатаму. Исто така тие ми покажаа дека вистинските пријатели секогаш се на моја страна, дури и кога некои работи ќе отидат во бестрага.

Ви благодарам што повеќе не ме сакате

Оваа точка е за момците кои ме оставија. Некои би се чуделе зошто ви се заблагодарувам, но вистината е дека кога престанавте да ме сакате, тоа направи да се засакам себеси и тоа ми го промени животот.

Ви благодарам што ме блокиравте на сите социјални мрежи

Ова важи за бивши дечковци, бивши пријател(к)и. Фала што бевте толку незрели па ме блокиравте на Фејсбук и Инстаграм. Барем нема да ви ги читам и гледам глупостите.

Ви благодарам што не се грижевте за мене

Има толку многу луѓе кои ме сакаат и се грижат за мене. Кога престанавте да се грижите за мене, тоа направи само уште повеќе да ги ценам моите луѓе.

Ви благодарам што ме оставивте кога највеќе ми бевте потребни

Ова звучи саркастично, но искрено – не е. Кога мислев дека најмногу ми требате, вие си заминавте од мојот живот. Тоа ми покажа дека не ми требате во животот. Сама на себе си бев потребна, ми беше потребен Бог, семејството и моите пријатели. И никогаш повторно нема да ми требате.

Животот продолжува понатаму. Оние коишто се важни никогаш нема да ве напуштат.