Писмо од татко до син: единствената вистинска причина поради која треба да се ожениш

Ова е писмо од еден татко кој на својот син на генијален начин му ја објаснил единствената вистинска причина поради која би требало да се ожени кога ќе порасне.

„Мил сине, се чини како вчера да ти менувавме пелени, а денес веќе дојдовме до тоа да зборуваме за сексот. Сепак, пред да се фрлиме на тема секс, би сакал да ти објаснам некои работи околу бракот. Поточно, сакам да ти откријам една добра причина поради која би требало да се ожениш, а која ќе ти помогне да ги сфатиш сите останати области, па и сексот.

Веројатно еден ден ќе посакаш да се ожениш, а лесно би можело да се случи тоа да го направиш од погрешни причини. Една од нив е секако и идејата за тоа дека бракот ќе те усреќи. Никогаш немој да го правиш тоа, затоа што тоа е сигурен пат кон развод. Постојат прекрасни бракови, а тие опстануваат поради една единствена причина, а тоа е воедно и причината зошто некој би требало да се ожени: секојдневно и меѓусебно жртвување на сопственото его.

Јас егото го доживувам како дел кој го штити моето срце. Сите ние сме родени со добро срце, само што тоа понекогаш е во опасност кога, на пример, некој не' исмејува и тогаш чувствуваме потреба да го заштитиме. Како што старееме, нашиот ум создава „штит" околу нашето срце за да нè поштеди од сите негативни влијанија. Тоа е сосема нормално и им се случува на сите. Кога сме помлади, тој мост служи за да се одбраниме од несакани гости во нашите срца. Сепак, со тек на време сфаќаме дека нападот е најдобра одбрана. Почнуваме да напаѓаме други, стануваме груби, а всушност се браниме за некој да не нè повреди.

Понекогаш тоа е клучно за преживување во суровиот свет, но во повеќето случаи, сепак не е. Така се бранат сите – и мажите и жените. Оружјата малку се разликуваат, но поентата е иста – се плашиме дека некој нема да нè засака и на тој начин се браниме од страдање. И тука се појавуваат потенцијални проблеми во бракот. Ако мислиш дека твоето его е важно за опстанок во бракот, многу се лажеш. Вистинскиот маж знае кога треба да ја намали брзината и да го остави егото на страна. Истата работа важи и за жените.

Значи, која е тајната на среќниот брак? Да се омажиш или ожениш за некој кој влегува во брак поради истата причина. На кратко, ожени се со онаа девојка која е подготвена да започне луда авантура со сите подеми и падови кои ќе ги доживее со тебе. И само, единствено и исклучиво со тебе.

Јас го кажав своето.

Тато".