Писмо од еден пријател до човекот кој таа го сака

Сум ја видел неколку пати како плаче и секогаш кога сум прашал зошто, секогаш плаче за тебе. Сум ја видел неколку пати како се смее и се радува и секогаш кога сум прашал зошто, секогаш било за тебе.

Нејзиниот свет е всушност светот кој ти го создаваш. Но, треба да знаеш дека таа не е просечна девојка која сака безусловно. Таа е едноставна, смешна, убава, паметна и силна. Таа е уметничко дело.

Јас бев таму кога ти ја напушти. Таа беше беспомошна, уништена и толку ранлива. Ја видов во најниските точки на нејзиниот живот. Таа не сакаше ништо повеќе од тоа да биде сакана од тебе. Дали тоа беше премногу?

Таа правеше грешки, но таа даде се од себе. Но, ти ја третираше лошо, многу лошо. Не велам дека таа е најсовршената личност која постои, но таа ти дозволи да ја третираш така. Таа дозволи ти да бидеш најголемата среќа во нејзиниот живот.

Престани да ја бараш и да се враќаш повторно. Престани да ја избираш неа кога се чувствуваш празно. Престани да се враќаш кога ти одговара. Не ја третирај како ѓубре.

Како нејзин пријател, те молам биди маж. Двајцата знаеме дека таа заслужува нешто подобро од тебе. Ако навистина ја сакаше, немаше да дозволиш таа да го допре дното.

Дозволи околу неа да бидат луѓето кои ја сакаат, кои ќе и помогнат да се сака себеси, да сфати дека навистина вреди.

Ти замина, и време е повторно да заминеш – но засекогаш овој пат. Ако навистина ја сакаш, престани да се враќаш во нејзиниот живот. Не можеш да го скршиш нејзиното срце милион пати.