Писмо до телото кое почнав да го мразам кога имав 12 години...

Драга јас,

Јас секогаш велам дека луѓето треба да ги прифатат своите маани и слабости, но изгледа дека сум и лицемер, затоа што јас самата никогаш не го направив тоа.

Извини.

Извини што нанесов болка на моето (нашето) тело коешто само сакаше да ме одржи во живот.

Извини што ги слушав моите отровни мисли кога требаше да го слушам звукот на моето срцебиење кое велеше дека сум важна и дека вредам.

Сега сум малку постара, а сепак никој не ме научи како да се сакам себеси.

Но, полека учам.

Учам, затоа што сфатив дека иако не можам да го променам моето тело, можам да ја променам мојата состојба на ум.

Ќе почнам со тоа што ќе се гледам себеси во огледало.

Ќе ги гледам моите слабости и ќе се потсетам дека и тие ме прават убава.

И драго тело, ти ветувам дека еден ден ќе верувам во тоа.