Писмо до мојот татко: Тато, ти си виновен...

Тато, ти си виновен што од малечка знам да местам јадица и да ја извадам од прстот без солзи во очите, како јадицата на не ја пара кожата и као да не ми тече крв од раката.

Тато, ти си виновен што ми влегуваше песок во балетанките кога со тебе одев во терен и што умеам да се надмудрувам со луѓе како вистински мајстор. 

Тато, ти си виновен што уште како бебе сите ме знаеја по кафаните и што и ден дене, си нарачувам чорба пред салата.

Тато, ти си виновен што не пијам шприцер, затоа што виното така се расипува.

Тато, ти си виновен што подобро ја знам грчката митологија отколку современата политичка сцена.

Тато, ти си виновен што „Оревокршачка“ е најубав балет, а книгите на Достоевски се најубавите книги на светот и што не знам ниту една турбофолк песна и се гордеам со тоа. 

Тато, ти си виновен што гладен заврши факултет, што 35 години градеше тунели и мостови, а денес со пензијата не можеш ни на бања да отидеш. Ни на рати. 

Тато, ти си виновен што знам што е хумор, па денес малку работи ми се навистина смешни.

Тато, ти си виновен што кога имав 5 години ми кажа дека човек не треба да се откажува од соништата, особено во тешки времиња. Дека од соништата не смеам да се откажам дури ни кога пливам во најдлабоките води.

Да, да, ти си виновен, затоа што никогаш не ти недостасуваше дух, дури и кога животите ни се рушеа. 

Тато, ти си виновен што ги знам сите четири страни на светот, што не се плашам од нив дури ни на мапа, ниту на пат. Каде и да одам, секогаш си со мене. 

Тато, ти си виновен што секогаш работеше, а постојано беше со нас, па ете мислев дека сите мажи и татковци тоа го правам.

Тато, ти си виновен што сите улични кучиња од нашата улица трчаат по тебе за да се галат со тебе.

Тато, ти си виновен што твоите внуки веќе се жени, а сѐ уште доаѓаат кај својот вујко за да му ги кажат тајните и да побараат совет.

Тато, ти си виновен што никогаш не ми кажа: „Сама си го бираше.“

Тато, ти си виновен што ми ги прости сите грешки, сите лоши зборови, што ме сакаше и што ме сакаш баш онаква каква што си ме создал: и добра и лоша, разгалена, миленичка, единица и вештерка.

А особено си виновен што ја сакаше мама онака како што ја сакаше и кога цветаше и кога венееше. И кога дишеше и сега кога веќе со децении ја нема, па ме убеди дека поинаку и не може човек да сака во овој живот и дека сѐ останато е фарса и бурлеска. 

Тато, ти си виновен што на мојот син-единец ти си му и Бетмен и Супермен, што си негов херој и кога се качуваш по скали и едвај одиш затоа што колената не те држат, тој ти ги зема кесите и те држи под рака.

Тато, ти си виновен што на писмената задача во училиште напишал: „Мене само мојот дедо ме разбира.“

Тато, ти си виновен затоа што не можеме да го замислиме утрешниот ден без тебе, а знаеме дека и тоа нѐ чека. 

Тато, ти си виновен затоа што си најголемиот јунак во нашите животи, нашата карпа, нашето сидро, нашето засолниште и нашиот дом. 

Тато, ти си виновен, затоа што денес сум онаму каде што сум и тука сум само поради тебе.

И да знаеш, тато, ти си виновен за оваа душа која ја имам.

Тато, ти си виновен...