Пилешко со сос од ѓумбир

Пилешките стекови се одлична основа за јадења со месо кои не бараат часови подготовка. Ѓумбирот дава преубав вкус. 

Состојки:

150 гр пилешки гради
50 гр ѓумбир
50 гр печурки (најдобро буковка)
Млад кромид по желба
Кромид
Соја сос
Кафеав шеќер
Една пиперка
Кинеска мешавина од зеленчук 

*кинеската мешавина можете и самите да ја подготвите од неколку мешунки зелена боранија, сецкан морков на ленти, блитва...

Подготовка:

Исчистете го ѓумбирот и исечкајте го пилешкото месо на мали парчиња. Буковките, пиперката и младиот кромид исечкајте ги на ленти, а стариот кромид исечкајте го на ситни парчиња. Потоа во загреана тава додадете малку масло, а потоа ставете го пилешкото за да се пропржи и посолете. Веднаш потоа додадете ги кромидот, кинескиот микс на зеленчук, пиперката, ренданиот ѓумбир и буковките. Вака приготвениот специјаитет зачинете го со сол, бибер и соја сос по вкус, а доколку сакате можете да додадете и кафеав шеќер. Веднаш потоа оставете го месото на тивок оган за да се издинста, а на крајот додадете го младиот кромид.