Пилешко со песто сос со прилог по избор

Песто сосот сме навикнати да го јадеме со тестенини, но може да биде одличен прилог и за пилешко.

А уште подобро во овој случај е што пилешкото со песто може да биде супер додаток на тестенини, но и за рижото или компири подготвени на начин како што вас ви се допаѓа. 

Состојки (за две лица):

Два пилешки стека
Песто сос
Шери домати
Масло, сол и бибер

Подготовка:

Пилешкото, кое е премачкано со масло и зачинето, можете да го испечете во рерна, на скара или на грил тава. Додека е уште топло, премачкајте со по една лажичка песто сос од тегла или подготвен дома. Потоа, исечете го на парчиња и служете го со компири, ориз, различни видови зеленчук или со тестенини. Можете да направите и сендвич од вака подготвеното месо.