Пилешко полнето со печурки и сланина

Печурките и сланината одлично одговараат со вкусното и меко пилешко месо ...

Потребно е:
500 гр пилешки гради
1 главица кромид
100 гр сланина
250 гр печурки (по избор)
2 лажици путер
2 лажици брашно
250 мл млеко
сол, бибер

Подготовка:
- На масло пропржете го ситно сецканиот кромид, додадете ги сецканата сланина и на крај сецканите на листови печурки.

- Подгответе го бешамел сосот. Во тенџере на рингла растопете го путерот. Додадете го брашното и пропржете го. Почнете полека да го сипувате млекото со постојано мешање. Варете го додека да се згусне.

- Пилешките гради исечете ги на шницли и тенко истолчете ги.

- На секоја шницла ставете од смесата со печуки и сланина и од бешамел сосот и замотајте ги како ролати. Наредете ги во намастена со масло тава.

- Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 20 минути.