СОСТОЈКИ:
1 цело пиле или 2 парчиња поголеми пилешки гради
1 главица кромид со средна големина
1/2 лажичка бибер во зрно
5 чаши вода
морков, целер, пашканат по желба
300 гр крупно мелени ореви
2 чешниња лук
4 парчиња бајат леб (средината без кори)
1,5 чаша пилешка супа
1 лажичка сол
1/2 лажичка коријандер во прав
2 лажици маслиново масло
1 лажичка црвена пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Градите или пилешкото исечкано на парчиња ставете го во лонец, налијте вода, додајте кромид и бибер во зрно. Гответе на среден оган додека месото не омекне. Вареното месо процедете го и оставете го да се излади. Потоа месото одвојте го од коски и со раце исцепкајте на ленти.
Коцките бајат леб ставете ги во длабока чинија па прелијте со водата во која се варело пилешкото, додајте изгмечен лук, изгмечени ореви, зачини и исцепакно месо па добро соединете.
Пилешкото префрлете го на чинија за сервирање. Посебно загрејте маслиново масло и во него додајте црвена пипер, па со тоа прелијте го пилешкото. Украсете со магдонос.
Може да се служи и топло и ладно, како предјадење или како главно јадење.