Пилешко месо на азиски начин

Ако го сакате миксот на вкусови на азиската кујна, задолжително пробајте го овој рецепт:

Состојки:

500 гр пилешко месо
Зачини (сол, биер, лук, оригано, буковец)
Лут кечап
60+60 мл соја сос
100 мл вода
Масло
600 гр сецкан морков
Една брокула
500 гр печурки
400 гр сецкана зелка

Подготовка:

 Пилешкиот стек се сече на мали коцки, се става во тава со загреано масло заедно со зачините и се пржи, постојано промешувајќи.

Кога стекот ќе биде речиси готов се полева со водата, соја сосот и кечепот и се остава 10-тина минути на среден оган.

Во посебна вок тава со масло се пропржуваат морковите исечени на ленти. Потоа се додаваат свежите печурки (исечени на коцки) и на крај се додаваат брокулата и зелката и се заедно се меша.

Кога зеленчукот ќе почне да омекнува се додава соја сосот и малку сол и се пропржува уште кратко додека зеленчукот не го впие соја сосот.

На крај во тавата со зеленчук се става пилешкиот стек заедно со сосот во којшто се готвеше и се заедно убаво се промешува.