Пилешко и црвена леќа

Црвената леќа е одличен начин да ја засакате оваа мешунка, која е навистина здрава за нас. 

Состојки:

4 копани или два поголеми стека
Маслиново масло
Два кромида
Две чаши црвена леќа
Златна мешавина
Една пилешка коцка растворена во чаша вода
500 мл павлака за готвење

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 200 степени. Во тавата за печење ставете масло, па пропржете го сецканиот кромид. Ставете ја леќата, несварена. Додајте ја златната мешавина.

Сето ова залејте го добро со пилешкиот бујон и павлаката за готвење. Наредете го месото (копаните или стекот сечен на покрупни парчиња). Намалете на 180 степени и печете додека да бидат готови парчињата месо.