Пијаниот велешанец кој прегази 11-годишно девојче призна вина

Велешанецот А.Н. пијан со неговиот автомобил на крајот на минатата година прегази 11-годишно девојче во Велес.

А.Н. удрил во девојчето и мајката, по што со неговото патничко возило „Мерцедес“ избегал, а денеска пред Суд призна дека е виновен.

- Признавам вина и му се извинувам на семејството и на јавноста, кажа А.Н. пред Судот.

Неговиот адвокат побара од Судот да ги смета како олеснителни околности тоа што А.Н. го признал делото и сам се пријавил во полиција.