Пијан возач удирил во полициска „шкода“, повредени се три лица

Три лица кои се превезувал со полициска „шкода“ се повредени откако во нивното возило удрил пијан возач со „форд“. Несреќата се случила во скопско Батинци. 

Како што информираа од полицијата, вчера околу 21:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, а управувано од И.М.(34) од Скопје.

- Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, по што кај возачот А.Н. се измерени 0,91 промили алкохол во крвта и по насока од јавен обвинител тој е приведен во полициска станица, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.