Пијан велешанец вршел насилство врз малолетната ќерка и сопругата - полицијата го уапсила

Вчера во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга.

Од МВР информираат дека по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица.

Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

„Против Л.Н. е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и истиот е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката“, посочија од МВР.