Пијан тетовец агресивен кон полицајци, измерени му биле 1,78 промили алкохол

Тетовец бил приведен откако при интервенција на полицијата поради гласна музика се однесувал агресивно кон полициските службеници. При проверката било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

- Денеска по полноќ во 02:20 часот, полициски службеници го привеле К.Н.(34) од Тетово. Постапувајќи по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со гласна музика на ул. „Браќа Симоски“ во Тетово, пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, а при преземање на мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.