Пијан скопјанец ја натепал својата 15-годишна ќерка - синот успеал да ги раздели

Лишен од слобода насилник од скопско кој физички ја нападнал малолетната ќерка.

Како што информираат од МВР, вчера во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај.

Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.