Пијан охриѓанец доцна во ноќта „се веселел“ со гласна музика - кога дошле полицајците почнал да им „се сили“

Вчера во 04:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле И.Н.(30) од Охрид.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 30-годишниот И.Н. бил приведен, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом го нарушил јавниот ред и мир со гласна музика.

Тој бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

Притоа, било констатирано дека тој има 1,78 промили алкохол во крвта.

*Фотографијата ја подготви Скопје Инфо со помош на ВИ