Пијан кумановец фрлил молотов коктел и предизвикал пожар кај Средорек

Полицијата во Куманово приведе 27-годишен маж кој утринава, во видно алкохолизирана состојба, запалил сува трева со молотов коктел на влезот од населбата Средорек, при што предизвикал пожар на отворен простор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска (20 јули) околу 02:10 часот во СВР Куманово. Полициски службеници веднаш излегле на лице место, каде го затекнале лицето С.С. (27) од Куманово, кој бил посочен од очевидец како сторител на делото.

По извршената контрола, било утврдено дека С.С. има 2,40 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и приведен во полициската станица во Куманово.

Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.