Пијан гостиварец минал на „црвено“ доцна синоќа, полицијата го уапси

Уапсен гостиварец кој возел пијан доцна синоќа. 

- На 22.05.2026 во 22:45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода В.Б.(40) од Гостивар. Претходно, полициски службеници забележале дека тој со патничкото возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, поминал на црвено светло на семафор, информираа од полцијата. 

Набргу, возилото било запрено и при контролата било утврдено дека возилото го управувал без возачка дозвола, и под дејство на алкохол , односно измерени му се 0,61 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.