
Седумдесет и деветгодишен жител на охридското село Коњско е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во Охрид, при што оштетил шест паркирани возила.
Како што информира МВР, на 25 јуни околу 12:20 часот полициски службеници на улицата „Питу Гули“ го привеле К.Р. (79), кој претходно на булеварот „Туристичка“, управувајќи „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во шест паркирани патнички возила. По незгодата, возачот не застанал на местото на настанот, туку продолжил да се движи, но набргу бил пронајден од полициските службеници.
При извршеното алкотестирање кај него биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта, по што бил приведен во полициска станица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.