„Пежо“ со скопски таблички удрило 79-годишна жена во Куманово - возачот веднаш побегнал од местото

Вчера околу 12:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Лесковачка“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во 79-годишната В.Д. од Куманово, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.