„Пежо“ излета од пат, возачот тешко повреден

36-годишен скопјанец со „пежо“ излета од пат. 

На 23.03.2023 околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1 во правец Велес-Градско, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(36) од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д., констатирани во Општата болница Велес, соопшти полицијата.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.