Петте најубави жени според хороскопот

Иако одделните луѓе имаат различни претстави за женската убавина, астролозите велат дека 5 од хороскопските знаци се великодушно обдарени од природата за разлика од другите.

Овен

Жената Овен по правило има спортска структура на телото, бринета е, со кадрава или кршлива коса, а очите и ‘се често со светла боја. Лицето и е со карактеристики кои тешко ќе се заборават. Емитува енергија, ентузијазам и страст.

Лав

Лавиците се грациозни жени кои ги импресионираат околните со безгрешен стил. Емитуваат сила и моќ, а најубаво извајаните нозе често го оставаат спротивниот пол без зборови. Нивниот карактер е она што ги прави навистина неповторливи. Претставничките на знакот Лав се истовремено уметнички и забавни лица, со што се пријатно друштво за секој.

Шкорпија

Страст и сила е првото што еден човек го чувствува при средба со дамата од знакот Шкорпија. Често косата им е темна, но најсилно впечатокот го прават нивните очи, кои, без разлика дали се светли или темни, изгледаат магнетно и секси. Жените Шкорпии нема како да останат незабележани.

Стрелец

Дамите Стрелци ја поседуваат најсексапилната фигура во Зодијакот. Лесно е да се спријателите со нив, бидејќи се либерални и со леснотија можат да ја прифатат туѓата гледна точка. Претставничките на овој знак имаат исклучително симетрично лице, а очите им се експресивни и ги поседуваат т.н. насмеани погледи.

Водолија

Водолиите обично се со светла кожа и иако не секогаш се особено високи, телото им е стројно и убаво. Погледот и сензуално оформените усни му прават најсилен впечаток на спротивниот пол