Петте најнеразвиените региони во Европа, се наоѓаат на Балканот, Југоисточниот регион во Македонија е на првото место

Најнеразвиената област во цела Европа се наоѓа во Македонија, тоа е Југоисточниот регион со оценка 0.722, ваква покажува Индексот на човечкиот развој. Интресното е што првите пет места на најнеразвиените области, Македонија држи дури две позиции, тука влегува и Североисточниот регион со оценка 0.742. За споредба најразвиените области на Европа се наоѓаат во западната половина на континентот, каде највисок индекс има Цирих (0,989).

Врз основа на Индексот за човечки развој, Европа е најразвиениот континент во светот, при што сите региони имаат или висок или многу висок индекс.

Индексот за човечки развој е композитен индекс на Канцеларијата за извештаи за човечки развој на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и се користи за мерење на развојот на една земја, врз основа на показателите за очекуваниот животен век, образованието и приходот по глава на жител. Овој индекс најчесто се пресметува на национално ниво, а Глобалната лабораторија за податоци на холандскиот Универзитетот Нијмеген Радбауд го пресметала на ниво на региони по држави за 2021 година, пренесува Ландгејст.

По Југоисточниот регион на земјава, втор најнеразвиен регион од Европа се наоѓа во Бугарија – Северозападен регион со 0.739, по што следат Централен регион (Молдавија) и Североисточниот регион (Македонија) со по 0.742 и Гљилане (Косово) со индекс 0.743. Она што ни дава утеха е што и покрај ваквата позиција во Европа, овие региони имаат висока оценка, особено во споредба со остатокот од светот.

Најразвиените области на Европа се наоѓаат во Швајцарија – Цирих (0.989), Норвешка – Осло (0.990), Велика Британија – Лондон (0.973), Германија – Хамбург (0.972) и Шведска – Стокхолм (0.972).