Петте најлоши карактеристики на секој хороскопски знак: Можете ли да се носите со нив?

Често се занемаруваат лошите знаци на хороскопските знаци. А токму тие можат да ви кажат многу. Ова се петте најголеми мани на секој знак, па вие проценете дали можете да се носите со нив.

Овен

  1. Овенот има најексплозивен темперамент од сите и тешко го контролира бесот.

  2. Често се однесуваат незрело. 

  3. Лесно се возбудуваат кога почнуваат нешто ново, но брзо губат интерес.

  4. Многу се нетрпеливи – сѐ сакаат да добијат во истиот момент кога ќе го побараат.

  5. Себични се и не знаат како да се стават во туѓа кожа.

Бик

  1. Нема шанси да победите во расправија со нив, не попуштаат и кога не се во право.

  2. Многу се мрзливи кога се во прашање обврските во куќата.

  3. Нивните желби и потреби секогаш се на прво место.

  4. Знаат да бидат досадни. 

  5. Тешко се отвораат и ретко зборуваат за своите чувства.

Близнаци

  1. Не можете да се потпрете на нив – многу се непостојани.

  2. Секој ден мора да анализирате како се расположени за да знаат како да се постават.

  3. Шармираат со убави зборови, но ретко исполнуваат ветувања.

  4. Брзо им здосадуваат работите, па често може да се чувствувате непотребни.

  5. Ништо не завршуваат до крај.

Рак

  1. Нивните промени на расположение се неподносливи.

  2. Често знаат да употребуваат тешки зборови, без да преземат одговорност за нив. 

  3. Може да станат зависни од вас, па ќе се чувствувате како да сте заробени.

  4. Веднаш сакаат сериозна врска и брак, а и самите не се сигурни дали се подготвени за тоа. 

  5. Животот со нив знае да е монотон и предвидлив – не сакаат да пробуваат нови работи.

Лав

  1. Ретко ќе се чувствувате сигурни со нив, затоа што сакаат да флертуваат. 

  2. Секогаш ќе имате чувство дека не ве сакаат толку колку што вие ги сакате нив.

  3. Ретко признаваат дека се во право, а ако признаат, тоа е повеќе за да ве смират вас.

  4. Знаат да бидат арогантни и нетактични. 

  5. Мора да бидат во центар на внимание.

Девица

  1. Претеруваат со анализирање и осудување на туѓото однесување.

  2. Секогаш очекуваат другите да иницираат нешто.

  3. Сакаат да се муртат и после кавга се однесуваат како мало дете.

  4. Често се несигурни и од вас ќе почекуваат да им дадете сигурност. 

  5. Ако не живеете по нивни правила, секој ден ќе ви се качуваат на глава. 

Вага

  1. Вагите знаат што сакате да чуете, па често лажат за да ви удоволат.

  2. Сакаат игри, казни и награди, но и манипулации.

  3. Лесно можат да се свртат против вас ако ги повредите.

  4. Суетни се и многу се оптоваруваат со изглед. 

  5. Не се упорни и истрајни. 

Скорпија

  1. Многу се љубоморни и попреку ве гледаат ако гледате/зборувате со некој друг.

  2. Нема да знаете како се чувствувате со нив, затоа што манипулираат со чувствата.

  3. Знаат да ве игнорираат и едноставно да исчезнат од вашиот живот. 

  4. Имаат многу тајни.

  5. И мали расправи со нив може да прераснат во големи драми.

Стрелец

  1. Сакаат многу да зборуваат, но не знаат да слушаат.

  2. Очекуваат другите да ги забавуваат.

  3. Мислат дека знаат сѐ и не сакаат да прифатат нови информации.

  4. Знаат да бидат бесчувствителни.

  5. Сакаат да бидат доминантни во врската.

Јарец

  1. Работата им е секогаш пред партнерот.

  2. Сакаат сѐ да биде под нивна контрола. 

  3. Често не знаат да се опуштат и да бидат спонтани, па набрзо може да ви стане досадно.

  4. Ја анализира и ја памти секоја ваша грешка и ништо нема да ви заборави.

  5. Не можете да влијаете на нивниот став, само да се прилагодите на нив.

Водолија

  1. Тие живеат во фантазерски свет, па делуваат дистанцирано и далечно.

  2. Сакаат да „солат памет“, затоа што нели тие секогаш знаат најдобро.

  3. Понекогаш ќе имате чувство како да не сте им доволни.

  4. Иако тврдат дека се либерални, со своите крути принципи ги осудуваат сите кои не се како нив.

  5. Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат.

Риби

  1. Често морате по неколку пати да ја повторувате истата работа.

  2. Тешко е да ги турнете да почнат нешто и да го завршат во одреден рок.

  3. Често ќе делува како да не се вклопувате во нивниот живот. 

  4. Се жртвуваат себеси за другите, па постојано имате чувство дека мора да се грижите за нив.

  5. Ги идеализираат своите односи со луѓето и од вас имаат многу големи очекувања.