Петстотче в џеб за пуштање една сајла

Електричари, водоинсталатери се на листата најбараните струки, но ретко кој млад човек се нафаќа да го работи овој занает.

„За овие работи никогаш нема да ви треба компјутер, нема да имате конкуренција која ќе се појави од друга земја. Тоа се предностите на занаетите“, вели нашиот соговорник Љупчо кој покрај тоа што работи во приватна фирма е и водоводџија.

-Доаѓам на повик, околу 20 години се знамавам со оваа професија. Во ова време тешко е да се најде малд човек кој би ја работел оваа работа. Дел од нив сметаат дека е тешка, на други им е многу нечиста работа ама да ви кажам дека за пуштање  една сајла за да се отпуши одводот ќе земат од 500 до 700денари, да сменат казанче 1000 денари, слатки се парите, но треба и труд, вели Љупчо.

Освен кај нас овие професии се барани и во другите европски земји кои се во дефицит на вакви кадри, поголемиот дел о Македонците кои ја познаваат оваа работа заминуваат на печалба во Германија.